Запален алармот во Барселона, Чави го напушта Ал Сад

Легендата на Барселона сега не може да го напушти катарскиот Ал Сад/Фото: EPA-EFE/David Borrat

Легендарниот капитен на Барселона и член на златната шпанска генерација, Чави Ернандез, се поизвесно е дека ќе ја заврши својата катарска одисеја каде го предводи Ал Сад.
Речиси сите реномирани медиуми од Блискиот исток ја пренесоа оваа оваа информација која се чини дека највеќе ќе ги израдува навивачите на Барселона.

Чави беше голема желба за решение на тренерската клупа на претходниот претседател Хосеп Марија Бартомеу, а во последно време го привлекува вниманието и на актуелната управа предводена од Жоан Лапорта.
Од друга страна, Чави Ернандез за време на кампањата за претседателските избори беше тивок, но пред гласањето му даде поддршка токму на Лапорта.

Не е никаква тајна дека Лапорта го сака Чави на клупата на Барселона и ќе направи се за да го донесе, и се поизвесно е дека на лето може да се реализира оваа идеја, бидејќи шпанските медиуми не веруваат дека Роналд Куман ќе остане на клупата на каталонскиот тим доколку не ја освои титулата во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот