Заменик-министерот за здравство имал тарифи: 1.000 евра за операција на простата, 100 евра за сунет (ВИДЕО)

Топ Чанел

Емисијата „Фикс Фаре“, во албанската телевизија Топ Чанел синоќа објави истражување во кое тврди дека заменик министерот за здравство Асим Муса, бара мито за да се направи операција на пациент од Албанија во земјава. Истражувањето на „Фикс Фаре“ кое траело три месеци ги открива договарањата што ги прави заменик-министерот во болничките простории.

Топ Чанел потсетува дека Муса бил три години директор на две болници во Струга. Две години во општата болница и една година во болницата за нефрологија.

„Фикс Фаре“ како што објаснуваат почнале да го истражуваат овој случај бидејќи до нив стигнувале многу поплаки од пациенти за барање поткуп.

На почетокот соработниците на „Фикс Фаре“ размениле пораки со заменик-министерот и договориле термин и место за средба во Струга.

„Фикс“ успеа да се сретне со заменик-министерот, кој тврди дека треба да се направат анализи за да се види дали пациентот има потреба за интервенција. Во разговорот тој кажува дека опеарацијата ќе ја изврши во болница и ќе чини 1.000 евра и парите треба да му се даваат нему.

Доколку пациентот би се појавил во други околности би требало да плати повеќе за ова операција некаде 1.100-1.200 евра. Но, заменик-министерит ги убедува соработниците на „Фикс“ дека нема да платат за анализите што би чинеле околу 150 евра.

Дури според него, анализите треба да се напарават токму таму, бидејќи биле со подобра прецизност отколку во Албанија. Заменик-министерот во разговорот тврди дека тој овозможува и интервенција сунет за што се плаќа 100 евра. На крај од разговорот соработниците му се обраќаат на заменик-министерот дали ќе може плаќањето да го направат во тој момент за пакетот со што би добиле попуст, но Муса им побара плаќањето да биде направено во денот на интеревенцијата.

На прашањето на соработниците на „Фикс“ дали треба да остават капар за тоа што се договориле, заменик-министерот за здравство им вели дека доволни се 50 евра, но тие пари не би биле вклучени во цената на операцијата.

ТетоваСот пак објавува дека заменик-министерот за Здравство, Асим Муса се очекува да биде разрешен од сите државни и партиски фунции.

-Ќе биде разрешен веднаш – велат за ТетоваСот од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот