Заменик министерот за одбрана ја дочека Новата Година со припадниците на Армијата во мисијата КФОР

Заменик министерот за одбрана, Тирон Јајага, новата 2024 година ја дочека заедно со припадниците на контингентот од Армијата на Република Северна Македонија во рамките на мисијата на НАТО на Косово, КФОР.

Тој на заедничкиот дочек на Новата Година, на мировниците им порача дека му претставува чест што е со нив при и им се заблагодари за нивното учество во мисијата.

Празниците се едни од најсветлите денови кои треба да ги поминеме во кругот на нашите семејства. Фактот дека сите вие сте тука, далеку од вашите најблиски и дека тоа го правите достоинствено и посветено ја покажува вашата професионалност и вашата посветеност на службата. Тоа го цениме и почитуваме, рече Јајага.

Тој на мировниците им ги пренесе честитките од министерката за одбрана Славјанка Петровска и им порача да останат доследни на своите задачи, да продолжат да ја претставуваат државата во најдобро светло и да бидат горди што секојдневно ставаат личен печат на безбедноста на регионот.

Шеесет и пет припадници на Армијата на Република Северна Македонија се дел од Регионалната команда на мисијата КФОР – Запад во Пеќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот