Заканата од Јувентус е сфатена сериозно: Ливерпул подготвува нов богат договор за Ван Дајк

twitter/The Tactical Times

Лидерот во Премиер лигата подготвува нов договор за Вирџил вам Дајк, пишува англискиот весник „Индепендент“.

Веста од викендот која ја пласираше таблоидот „Сан“ дека Јувентус подготвил 150 милиони евра за купување на одличниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, донесе експресна реакција на англискиот клуб.

– Ван Дајк стана европски и светски шампион со Ливерпул, а ќе ја освои и Премиер лигата оваа сезона. Исто така, тој долги години игра во Англија па лесно може да се случи по завршување на сезоната да побара нов предизвик. Затоа во Јувентус веруваат дека по одличниот период во Ливерпул, Ван Дајк ќе биде подготвен за нови предизвици – изјави анонимен извор за весникот.

Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул е со важност до 2023 година, но челниците на „црвените“ подготвија нов договор за одличниот дефанзивец вреден 235.000 евра неделна плата или 12 милиони евра по сезона, тврди „Индепендент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот