Загреб одби да го повлече хрватскиот дипломат и покрај предупредувања и докази, тврди Дачиќ

Фото: Профимедиа

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вечерва истакна дека Србија прогласила хрватски дипломат за персона нон грата поради грубо кршење на Виенската конвенција и вршење активности што не се работа на дипломат. Тој додаде дека Загреб со докази бил предупреден за неговото однесување и дека ништо не е направено за тоа прашање.

„Тој не е претставник на разузнавачката служба, туку дипломат и не може да се занимава со ништо друго освен со дипломатски работи. Тоа се документирани наоди, докажани тврдења и факти за кои хрватската страна знаела пред одредено време. Како што е очекувано требаше самите да преземат одредени чекори, но не направија“, нагласи Дачиќ на новинарско прашање во врска со коментарите од Загреб дека не добиле објаснување од Белград зошто нивниот дипломат е прогласен за персона нон грата.

Дачиќ нагласи дека Белград го направил тоа затоа што Загреб одбил да го повлече својот дипломат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот