Загина 35-годишник во Марена, со камион кипер закачил далекувод за струја

Архива на СП

Загина 35-годишник во кавадаречкото село Марена, со камион кипер, додека работел, закачил 110 киловолтен далекувод за струја. Несреќниот случај за МИА  го потврдија од МВР.

Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци потврди за МИА дека веднаш по пријавата на случајот, медицинска екипа заминала на лице место.

-Пронајдовме лице без знаци на  живот. Се обидовме да му пружиме помош и да го реанимираме, но залудно, констатиравме смрт кај лицето, рече Грков.

Неофицијално загинатото лице е од Росоман, а во моментов се врши увид на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот