Заев за „Слободен печат“: За одлуките од средбата со Мицкоски се координирав со Ахмети и Касами

Од Движењето Беса за „Слободен печат“, потврдуват дека премиерот Зоран Заев се консултирал со претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, за одлуките од средбата со Мицкоски.

– За време на состанокот со Мицкоски, премиерот Зоран Заев разговарал со претседателот Касами и го информираше и консултираше за донесените одлуки – рече пратеникот на Движењето БЕСА, Скендер Реџепи.

И премиерот Зоран Заев во изјавата за „Слободен печат“, рече дека ги информирал двајцата коалициони партнери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и Движењето БЕСА, Билал Касами за донесените одлуки на средбата со Мицкоски.

-За одлуките се кординирав со преседателите на ДУИ и БЕСА. За време на паузата од средбата со Мицкоски, зборувавме заради координација во носење на одлуките и постигнување договор со ВМРО-ДПМНЕ – изјави за „Слободен печат“, премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот