Заев за Сител: „Рекет“ нека го води обвинител од опозицијата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител објави два предлога до опозицијата за законот за јавно обвинителство.

Двата вклучуваат избор на обвинител на предлог на опозицијата. Со првиот се предвидува ова обвинителство да ги преземе сите предмети, сите обвинители и вработени во СЈО и да биде надлежно за сите случаи на висока корупција, вклучително и Рекет.

Вториот, пак, доколку опозицијата одбива да го преземе тимот, предвидува обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства, а Јавниот обвинител Јовески да ги распредели предметите од СЈО.

Сепак изборот на обвинител на предлог на опозицијата ќе значи и согласност од власта за предлогот.

„Сигурно нема да гласаме тоа да биде Груевски, Панчевски, Зврлевски, Јован Илиевски, ќе бараме да биде неприкосновен професионалец”, вели Заев.

За случајот Рекет, Заев, меѓу другото, изјави: „Постапката за Рекет сакам да заврши час поскоро“.

Во врска со „Рекет” истакна дека не треба никој да се плаши. Секој што истрагата ќе покаже дека е инволвиран, треба да одговара.

-Граѓаните ги чекаат одговорите, трагата на парите и кој се е инволвиран. Нема што да се плашиме од „Рекет”. Истрагата ќе покаже кој е инволвиран. Секој што е инволвиран треба да одговара, дециден е премиерот.

За барањето на опозицијата да се одржат предвремени избори, Заев повтори дека на земјава треба да и се даде шанса да ги почувствува придобивките од она што власта досега го направи.

„Доста беа предвремени избори. Ги донесовме најхрабрите одлуки, ги решивме пробелмите со соседите, го чекаме членството во ЕУ и НАТО, да ги дочекаме ефектите и придобивките од овие процеси, истакна премиерот Зоран Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот