Заев соопшти кои фунционери ќе си заминат

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Владата ќе предложи разрешување на голем број директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија. Меѓу нив се директорите на МЕПСО, ЕСМ и Македонија пат.

За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО Сашо Василевски, директорот на Електрани на Северна Македонија Драган Миновски, директорот на Македонија пат Гајур Кадриу, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, директорката на Драмски театар Викторија Рангелова, директорот на МАЛМЕД Ќахил Ибраими, директорот на Архив Кирил Петров и директорот на Здравствен дом Скопје Злате Мехмедовиќ, директорот на ЈП Железници и инфраструктура, директорот на Завод за заштита на споменици Охрид, директорот на Заводот за рехабилитација Бања Банко.

Причините за разрешувањето, како што рече Заев, се различни, нереализација на капитални инвестиции, недоволна транспарентност, непочитување на препораки, слаб менаџмент. На некои ќе им бидат понудени нови функции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот