Заев со подршка за Мерко: Иако не бевме задоволни од него, по критиките има промени

Рамиз Мерко/ Фото: Влада на Република Северна Македонија

Во врска со кандидатурата на Рамиз Мерко за чија работа лично имаше забелешки, премиерот Зоран Заев денеска од Охрид рече дека после укажаните примедби имало доста промени.

– После моите апели во име на иднината на Охрид, па и на Македонија, имаше доста промени за преземање чекори во насока на потврдување на статусот во УНЕСКО. Во тој момент не бевме задоволни од градоначалникот на Струга, но со задоцнување од седмица, две почна и тој затоа што Охрид не само на охриѓани, туку на сите…Сите пред се мораме да им служиме на граѓаните, некојпат можеби ќе бидеме критикувани затоа што некому тоа не му се допаѓа, но сите знаат тоа е добро за градот и навистина така се постапува, рече Заев.

Тој рече дека Мерко ја има поддршката, верува дека таа природна поддршка ќе го направи победник, а оти критиките се здрави, добредојдени, низ нив се учиме за да може подобро и поефикасно да се служи на граѓаните.

– Мерко има обврска да продолжи понатаму да работи на отстранување. Знаете УНЕСКО ни даде две години период пред нас, да ги средиме работите, тие нема да ни простат. Охрид е и на охриѓани, стружани, на сите нас, тој е светско богатство и нема да ни дозволат да мрднеме ниту сантиметар. Дали тоа е Заев, Коста, Рамиз или било кој, наша обврска и должност пред идните генерации тоа мора да биде така, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот