Заев: Се залагаме за една изборна единица, сакаме тоа да се постигне со консензус со ВМРО-ДПМНЕ

На денешната промоција во Влада на веб-платформата „Отворени финансии“, премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, зборуваше и за постигнување на консензус за една изборна единица со опозицијата.

Заев рече дека Социјалдемократите ќе гласаат за една изборна единица, но се надева дека за тоа ќе се постигне договор и со ВМРО-ДПМНЕ, но и со ДУИ.

– Ние се залагаме за една изборна единица и како Социјалдемократи ќе гласаме. Сакам да се постигне консензус, со тоа што и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе застанат зад она што ќе го договориме сите. Верувам дека малите политички партии ќе направат платформа, за да го кажат својот став на работни состаноци. Јас би бил задоволен ако можеме да почнеме веднаш со нов изборен модел. Тоа е за мене демократија повеќ – рече Заев.

Тој потоа истакна дека преку една изборна единица се укинува можноста за создавање на „авторитарен режим“.

– Една изборна единица значи дека СДСМ најмногу губи, потоа ВМРО-ДПМНЕ најмногу губи, па потоа ДУИ, но добива демократијата и добиваат помалите партии и отстрануваме можност за каков било авторитарен режим во иднина – заврши Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот