Заев: Пратениците земаат и по 100 илјади денари, не правете драми од бонусите на СЈО

СЈО беше создаден капацитет во оваа држава, а дали некој направил криминал треба да се докаже во институциите низ постапка и со докази, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски во врска со хонорарите што ги исплаќало СЈО.

-Ако некој земал ијада евра не треба да се прави некоја драма. Премиерот зема околу 80.000 денари плата, пратениците доаѓаат до 100.000 денари со патни трошоци. СЈО ги распределувало средствата од рамки на буџетот кој им бил доделен – рече Заев, истакнувајќи дека не треба да се дозволи со леснотија да се гази институцијата.

Тој додаде дека судството и обвинителството сè уште се заробени, а како аргумент во таа насока наведе дека само 3 отсто судии и обвинители од вкупниот број се нови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот