Заев откри кога може да биде донесена одлука за рудникот Иловица

Фото: МИА

Ако се биде завршено можно е овој вторник да се донесе одлуката, ако не следниот вторник зависи од правно формалниот аспект на процедурите низ помошните владини тела, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање кога Владата ќе донесе одлука за рудникот Иловица.

Одлуката треба да ја донесе Владата, рече Заев, но не сакаше да ја коментира самата одлука, затоа што, како што рече, ќе ја образложи со сите детали.

– Знаат и граѓаните и концесионерите дека правно формалните можности не се исполнети – рече Заев, по денешната презентација во Бирото за метрологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот