Заев: Обезбедуваме уште поголема поддршка за компаниите, да отвораат нови работни места за младите

Чест ми е што денеска сум во посета на реномирана компанија, компанијата МакТаб која е успешна приказна на нашиот домашен пазар. И на оваа средба како и на многуте средби што ги имав досега, пред менаџментот, пред бизнис секторот од овој крај ја претставувам нашата понуда, нашиот концепт за нова развојна економија, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

-Целта е компаниите да напредуваат и да ги зголемуваат своите инвестиции, да го зголемуваат своето производство и да освојуваат нови пазари, да инвестираат во иновации, со тоа и платите ќе растат и граѓаните ќе имаат повисок животен стандард. Во изминативе 3 години покажавме што е тоа економски патриотизам и како се почитуваат и вреднуваат сите претпријатија и домашни и странски. Едно од нашите ветувања беше да ги изедначиме условите за инвестирање на домашните и странските компании. Денес и домашните компании и странските, добиваат голема поддршка од државата да започнат нови инвестиции, да отвораат нови работни места, да ги зголемуваат платите на вработените- рече Заев.

-Затоа, во следните 4 години обезбедуваме поддршка на компаниите во висина од 600 милиони евра, 300 милиони евра буџетски средства и 300 милиони евра од европските фондови. Данокот на добивка останува на ниво од 10% во следните 4 години, но истовремено, го подигаме прагот на ДДВ од 2 милиони на 3 милиони денари годишен промет од 2022 година. Ова се само дел од мерките важни за трансформацијата на новата македонска економија која ќе се базира на технолошки развој, одржливост и мотивиран човечки капитал. Затоа изборот на граѓаните и компаниите на 15 јули е јасен. Изборот е помеѓу навремен и неселективен поврат на ДДВ на компаниите или доцнење, уцени и закани кон фирмите. По 15 јули заедно продолжуваме на правиот пат, на патот кој води напред кон економски раст и развој кој генерира раст на компаниите и подобар животен стандард на граѓаните- рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот