12 C
Скопје

Заев: Најголемиот ризик од бугарското вето е непотребно потрошеното време

Најголемите ризици што може да ги донесе ветото од Бугарија за земјава е непотребно потрошеното време, како и евроскептицизам кај граѓаните, но патот е тој и ние продолжуваме со реформите, рече премиерот Зоран Заев.

-Ветото најголемите ризици што може да ги донесе е потрошено непотребно време, нашата заедница, нашата земја изгуби толку драгоцено време со децении наназад преку нерешавање на билатералните спорови со соседите. Секако може да демотивира од поддршката на нашиот народ за полноправно членство во ЕУ, кое го посакуваме заради европските вредности европеизацијата дома, квалитетот на живот, европскиот стандард донесен дома. Тоа е она што е многу важно, нашиот пат е тој и ние продолжуваме со реформите и со сето она што е зацртано во поглавјата ние го работиме за да можеме да го антиципираме, да го искористиме тоа време додека не ги отвориме вистински самите поглавја. Иако знаеме дека не е тоа тоа, не е исто, вели Заев на новинарско прашање по обраќањето во село Стајковци по повод изградбата на нова спортска сала.

Прочитајте и...  Д-р Пановски: Во Македонија има петпати поголема смртност од корона од просекот во светот

И затоа, додаде, овој период треба да го искористиме на адаптирање, усвојување и спроведување на Акцискиот план.

-Министрите за надворешни нека продолжат со Бугарија да креираат, да разменуваат искуства. Ако може да се реши пред изборите, супер. Но, реков, не верувам во очи избори дека е тоа возможно. Би бил многу радосен ако тоа се случи, но во најмала рака ќе ни помогне за веднаш после изборите да имаме посериозен исчекор во решението на овој проблем, истакна премиерот Зоран Заев.

Поврзани вести

Најмалку 20 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу

Слободен печат

СЗО: Целиот извештај со резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина ќе биде презентиран следната недела

Слободен печат

ВИДЕО: Трагедија во Флорида: Се сруши покривот на училиште, најмалку 12 повредени од кои 7 се деца

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Експлозии во две сириски рафинерии во близина на границата со Турција

Слободен печат

Бесими: Постигнавме пониска каматна стапка за еврообврзбицата од многу европски земји со повисок кредитен рејтинг

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар