Заев ќе оди во Италија, пред состанокот на Советот на министри на ЕУ

Премиерот, Зоран Заев е поканет во Рим од италијанскиот премиер, Џузепе Конте, непосредно пред новиот Совет на министри на ЕУ кој треба да се одржи на 19 ноември годинава.

Од кабинетот на премиерот потврдуваат дека е пристигната покана за посета на Италија, но се уште не се знае дали ќе оди и кога точно таа посета ќе се реализира.

Се шекупулира дека Италија размислува прашањето за добивање на датум за почеток на преговори за нашата земја повторно да го отвори на Советот на министри на ЕУ.

Денеска се појави и информација дека е можно доаѓање на францускиот претседател, Емануел Макрон, во Албанија и Македонија наредниот месец.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот