Заев, Филипче и Николовски казнети за прекршоци во сообраќајот (ФОТО+ВИДЕО)

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Изминатите два дена на социјалните мрежи се споделуваше видео на кое се гледа како премиерот Зоран Заев не носи заштитна кацига додека управува со мотор, а позади него седи Љупчо Николовски, додека Венко Филипче ги следи управувајќи со друг мотор.

 

Видеото поттикна лавина реакции на социјалните мрежи, а граѓаните коментираа дека само високите државни функционери не плаќаат казни за сторени прекршоци во сообраќајот и прашуваа дали законите важат за сите.

Сепак, Министерството за внатрешни работи ги казни со парична казна, а Centar.mk ги објави нивните прекршочни налози од МВР.

Фото: Centar.mk

Премиерот Заев, вицепремиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.

Фото: Centar.mk
Фото: Centar.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот