Заев-Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вечерва, во завршницата на својата дводневна работна посета на Атина, се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза, Алексис Ципрас.

На средбата, која се одржа во Парламентот на Република Грција, а на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, стана збор за имплементацијата на Договорот од Преспа кој во 2018 година, кога беше потпишан, направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги откочи евроатланските процеси на Република Северна Македонија која оваа година стана членка на НАТО и ги очекува стартот на преговорите со Европската Унија, веднаш после меѓувладината конференција која треба да се одржи додека со Советот на ЕУ претседава СР Германија.

Прочитајте и...  Царовска: Националната платформа ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава
Фото: Влада на РСМ

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека Република Грција и во европските интеграции на нашата земја останува силен партнер, поддржувач и лобист за успешна завршница на овој процес.

Договорот од Преспа, беше речено на средбата, не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји.

Особено значајно е што во претстојниот период се очекуваат значајни политички одлуки за олеснување на иницијативите на бизнис заедниците меѓу двете земји како што се договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите.

На средбата двајцата соговорници се согласија дека после две години од Договорот од Преспа, конструктивните опоненти на договорот во двете земји прифатија дека станува збор за историски договор од огромно значење за иднината на народите на двете земји.

Прочитајте и...  Собранието да расправа за бугарскиот „катил ферман“!

Прочитај повеќе

Македонија и Бугарија ќе претседаваат со самитот на Западен Балкан во Софија

Слободен печат

ОЈО Скопје ја обжали условната пресуда за сообраќајката кај Млечен и предлага затвор за обвинетиот

Слободен печат

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА отвара нов посебен простор за тестирање за Ковид-19

СП.

Царовска: Националната платформа ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава

Михаило Донев

Невообичаено: Дождови, поплави и свлечишта и во Африка, се заканува глад (ВИДЕО)

Германската амбасадорка Холштајн за меморандумот на Бугарија: Билатералните проблеми да се решаваат билатерално

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Обвинителот Донев: Задоволен сум од конечната одлука на Врховниот суд

Лука Андреев

По 10.000 евра им земале на Балканци за фиктивен брак, уапсени Срби во Австрија

Слободен печат

Советничката на Пенс му врти грб на Трамп: Тој воопшто не се грижеше за пандемијата, само за изборите

Слободен печат

Прес-конференција на премиерот Заев и министерката Царовска за националната платформа за онлајн учење (ЖИВО)

Слободен печат

Тројца хрватски пратеници, осомничени за проневера останаа без пратенички имунитет

Слободен печат

Анкета: Половина од Американците нема да се вакцинираат против Ковид-19

Слободен печат