Фото: Pixabay

Зачин вреден злато: Цената му се движи и до 3.000 долари по килограм

Сакате зачини и уживате во нив и нивните здравствени предности, но дали сте знаеле дека цената на шафранот се движи и до 3.000 долари по килограм, па се смета за најскап зачин на светот?

Поради што цената е толку висока?

Имено, еден од факторите е тој што шафранот цвета само три недели во годината, поточно во март. Стебленцата се ниски, што го отежнува процесот на берење. За еден килограм шафран потребно е да соберете меѓу 150.000 и 200.000 цветови.

Фото: Pixabаy

Шафранот се бере исклучиво рачно. Најголеми производители на шафран се Шпанија и Иран (повеќе од 80 отсто од светското производство). Во Иран го нарекуваат „црвено злато“. Во Европа тој се произведува на подрачjето на Медитеранот.

Има бројни здравствени предности, а само некои од нив се: ублажување на симптомите на депресија, подобрување на способностите на помнење и концентрација, одржување на здравјето на очите, намалување на нивоата на шеќерот во крвта итн.

Во него се наоѓаат и картенодити кои се ефикасни во борбата против настанување на клетките на ракот. Шафранот има интензивен мирис и благо-горчлив вкус. Само една четвртина лажичка од ова растение доволна е за на јадењето да му даде арома и боја. Се продава во мошне мали количини.

Фото: Wallpaper flare

Меѓутоа, треба да се има предвид дека треба да се биде претпазлив со употребата на шафранот. Имено, сигурната дневна количина за консумирање од ова растение е 1,5 грама. Пет грама дејствуваат токсично, 10 предизвикуваат спонтан абортус кај трудниците, а 20 може да предизвикаат смрт.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот