За прв пат во историјата Летни олимписки игри може да се одржат во Африја

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Египет ќе го пријави главниот град Каиро за организација на Летните олимписки игри во 2036 година, најави египетскиот министер за млади и спорт Ашраф Соби.

Досега ниту една арапска или африканска земја не била домаќин на Летни или Зимски олимписки игри.

Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси даде зелено светло за доставување на кандидатурата, додаде министерот Соби за време на приемот на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах во Каиро.

Во соопштението објавено од египетската влада се цитираше изјавата на Бах дека спортската инфраструктура на Египет е способна да биде домаќин на настанот.

Наредните Летни олимписки игри ќе се одржат во Париз 2024 година, потоа следен домаќин ќе биде Лос Анџелес во 2028 година и Бризбејн во 2032 година.

Процесот за пријавување за домаќин на Олимпијадата во 2036 година се уште не е официјално започнат, а се шпекулира дека интерес за организација ЛОИ има од Германија, Мексико, Турција, Русија, Индија и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот