За навивачите во Премиер лигата најдобар е Мане, а не Де Брујне
Напаѓачот на новиот англиски шампион, Садио Мане, доби убедливо најмногу гласови од Унијата на англиски навивачи во изборот за најдобар фудбалер во Премиер лигата (PFA Fans Player of the Year).
Во изборот кој го направија фудбалерите во Премиер лигата, ласкавата титула за најдобар играч му припадна на Кевин де Брујне кој го „победи“ триото од Ливерпул, Садио Мане, Џордан Хендерсон и Трент Александер-Арнолд.
? Huge congratulations to Sadio Mané!
Winner of the PFA @BristolStMotors Fans’ Player of the Year ??? #LFC @LFC #PFAFansAward pic.twitter.com/8KUhbh1tn4
— Professional Footballers’ Association (@PFA) August 17, 2020
Но, навивачите имаат поинакво мислење и во нивниот избор, убедлив победник е напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, кој доби 41 процент од гласовите, додека Де Брујне заврши на второто место со освоени 27 проценти од гласовите. По нив следуваше Александер-Арнолд со 17%, а во конкуренција беа уште и Џејми Варди од Лестер, Вирџил ван Дајк од Ливерпул и играчот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг.
Интересно е што здружението на новинарите за најдобар во Премиер лигата за минатата сезона го избра капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.
Мане во сезоната во која неговиот тим ја освои титулата постигна 18 гола и имаше седум асистенции.