За генералниот секретар на СE најавеното повлекување на Турција од Истанбулската конвенција е поразителна вест

Совет на Европа/ Фото: Слободен печат

Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ со писмена реакција за најавеното повлекување на Турција од Истанбулската конвенција на Советот на Европа, што според неа е „поразителна вест”, јави дописникот на МИА.

-Најавувањето на Турција за повлекување од Истанбулската конвенција на Советот на Европа за насилство врз жени е поразителна вест, вели Марија Пејчиновиќ Буриќ.

-Овој потег е огромно враќање назад во овие напори и уште повеќе е за жалење затоа што ја загрозува заштитата на жените во Турција, низ Европа и пошироко , нагласува понатаму Генералниот секретар на Советот на Европа.

Истанбулската конвенција опфаќа 34 европски земји и нашироко се смета како „златен стандард” во меѓународните напори за заштита на жените и девојчињата од насилство со кое се соочуваат секој ден во нашите општества.

Ердоган ја повлече Турција од Договорот за заштита на жените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот