За 23 години Земјата изгубила 28 трилиони тони лед (ВИДЕО)
Британските резултати одговараат на најлошото предвидено сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН (IPCC).
Британските научници меѓу 1994 и 2017 година анализирајќи ги сателитските снимки од глечерите, планините и ледените покривки, заклучиле дека Земјата во тој период изгубила изненадувачки 28 трилиони тони мраз.
Научниците од Универзитетот во Лидс, Лондон и Единбург таа огромна загуба на лед ја сметаат за неверојатна и сметаат дека тој би можел да резултира со драматичен пораст на нивото на морето, можеби дури и за метар до крај на векот.
Резултатите од студијата ја објавија во списанието Cryosphere Discussions.
„Тоа да го ставиме во контекст – секој сантиметар пораст на нивото на морето значи дека во догледно време милион луѓе ќе бидат раселени од своите домови кои се наоѓаат на ниска надморска височина“, рече префесорот Енди Шепард од Универзитетот во Лидс.
Драматичното губење на ледот може да има и други последици, вклучувајќи и нарушување во биолошкото здравје на арктичките и антарктичките води и намалување на способноста на планетата Сончевата радијација да ја рефлектира назад во Вселената.
Британските резултати одговараат на најлошото предвидено сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН (IPCC).
Претходно научниците проучуваа одредени подрачја на кои се топи ледот, како Антарктик или Гренланд, но ова е првпат некој да го проучува глобалното топење на ледот кој исчезнува од нашата планета“, рече Шепард за Гардија. „А она што го откривме не шокираше и нас“.