За 10 години Министерството за труд платило 709.000 евра за кирија!

Секој месец, за изнајмување на 552 квадратни метри простор, Министерството за труд и социјална политика плаќа кирија од по 5.000 евра, открива Државниот завод за ревизија.

„Врз основа на договор за закуп на деловен канцелариски простор склучен во 2011 година на неопределено време, МТСП за сопствени потреби – редовно функционирање закупила канцелариски простор во вкупна површина од 552м2. За користење на канцеларискиот простор МТСП се обврзува на име месечна закупнина да плаќа 5.000 евра односно околу 364 илјади денари зависно од курсната листа во моментот на исплатата за што по истиот основ во текот на 2021 година извршени се исплати во износ од 4.362 илјади денари. Ревизијата нагласува дека за 10 годишен период колку што договорот е во сила по овој основ МТСП исплатило износ од 43.620 илјади денари односно 709 илјади евра“, пишува во штотуку објавениот извештај на Државниот ревизор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот