Вујин и официјално нов ракометар на Вардар

EPA/RONALD WITTEK

Деновиве актуелниот европски шампион ги промовира своите нови засилувања за следната натпреварувачка сезона.

Денеска Вардар 1961 го потврди трансферот на српскиот интернационалец Марко Вујин кој потпиша договор на две години.

Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува за „црвено-црните“.

35-годишниот Вујин ги бранеше досега боите на Спортинг, Кил, Веспрем, Дунафер и Синтелон.

Претходно Вардарци ги промовираа уште македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талески, Хрватите Анте Гаџа (среден бек) и Јосип Векиќ (десен бек) и францускиот голман Робин Кантегрел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот