Вардар ги промовираше Георгиевски и Талески

Екипата на Вардар денеска ги презентираше двете репрезентативни засилувања за наредната сезона, Гоце Георгиевски и Филип Талески.

Гоце Георгиевски последните четири сезони ги помина во Романија каде играше за екипата на ЧСМ Букурешт, потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ и ќе претставува големо засилување за десната крилна позиција.

Филип Талески во 2017 година од Металург замина во Рајн-Некар Левен за кого настапуваше две години, а минатата сезона играше за екипата на Балинген.

Можноста да игра во Лигата на шампионите но и големата желба на новата управа на Вардар, беше доволен предизвик за македонскиот репрезентативен бек да одлучи да се врати во Макеоднија и да потпише едногодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот