Вухан го надмина најтешкиот дел од кризата: Во некогашниот епицентар на коронавирусот регистриран само еден нов случај

Фото: Профимедиа

Во кинескиот град Вухан, каде започна епидемијата која прерасна во пандемија со новиот коронавирус, денес е забележан само едно ново заразено лице. Официјалните лица веруваат дека Кина го надмина најтешкиот дел од кризата.

Во Кина денес се пријавени уште 20 случаи, од кои девет во Пекинг, а сите од нив се луѓе кои допатувале од Странство.

Медицински лица ги припремаат болниците за пациенти кои не се заразени со коронавирусот ФОТО: EPA-EFE/LI KE CHINA OUT

Кинеските здравствени власти бараат од сите кои доаѓаат од странство да останат во 14-дневен карантин, но не ги затворија границите. Илјадници Кинези кои студираат во странство сега сакаат да се вратат дома.

Луѓе чекаат во редица пред ресторан за брза храна при познатиот маркет за техника Shenzhen Electronics Market во Шенжен, Гуангдонг, Кина 13 March 2020. EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Сепак, коронавирусот продолжи да се шири на другите страни на светот, а Кина испрати заштитна опрема и медицински експерти во Италија, Иран и други земји кои се борат со епидемијата.

Погледнете и како медицинските работници го прославија затворањето на последната импровизирана болница за лекување на пациенти со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот