Вудворд-Коста: „Трамп е луд“, рекла Пелоси и во последните денови му биле одземени нуклеарните овластувања

Доналд Трамп / Фото: ЕПА

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил тајно лишен од овластување да нареди нуклеарен напад или да почне воена акција во последните хаотични денови во Белата куќа, според книга од новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која треба да биде наскоро објавена.

Двајца ветерани на „Вашингтон пост” во книгата наведуваат нови драматични детали за избезумениот обид на Трамп да ги отповика резултатите од претседателските избори во 2020 година и да остане на власт.

Генералот Марк Мили, началник на Здружениот ГШ на САД, презел дотогаш невиден чекор со наредба кон други високи генерали да се консултираат со него пред да извршат какви било важни наредби, кои Трамп би можел да им ги даде, по нападот на Капитол Хил на 6 јануари. Си Ен Ен беше првиот што извести за постапките на Мили.

Невозможно е да се каже што може да направи. Знаете дека е луд. Тој е луд долго време, му рекла претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, на Мили во разговор на 8 јануари за менталната состојба на Трамп.

– Се согласувам со тебе за се, одговорил Мили, според транскриптот на повикот.

Кога Пелоси му се јавила на Мили на 8 јануари, тој и рекол дека презел чекори за да го спречи Трамп да започне конфликт, иако нема докази дека тоа што го планирал. Мили не го известил Трамп за новиот протокол според кој од генералите се бара да контактираат со него пред да применат претседателски наредби.

– Можам да ви гарантирам 110 проценти дека војската, употребата на воена моќ, без разлика дали е нуклеарна или напад врз странска земја од кој било вид, оти нема да направиме ништо нелегално или лудо, рекол тој. „Што мислите, нелегално или лудо?”, прашала Пелоси.

– Најдоброто што можам да го направам е да ви дадам збор, одговорил Мили. „Ќе спречам такво нешто во американската војска”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот