Вучиќ: Изјавата на Османи е глупава, Србија е независна и самостојна земја

Претседателот на Србија Александар Вучиќ/ Претседателка на Косово Вјоса Османи/ Фото ЕПА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија не е алатка во рацете на Русија или на кој било друг и дека изјавата на косовскaта претседателка Вјоса Османи е „толку глупава што го остави без зборови“, пишува Бета.рс.

„Ние сме горди на нашата независност и автономија. Можеби сме една од ретките независни земји во овој дел од Европа. Во нашата земја, никој освен нас не одлучува какви политички и економски потези ќе преземеме“, вели Вучиќ.

Тој рече дека изјавата на Османи е „бедна финта“ која се користи кога нема што да се каже, таа е „како матрица“.

„Нашата политика е суверена, независна Србија која е на европскиот пат, но која ги почитува своите руски, кинески, американски пријатели, како и сите други“, додаде претседателот.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, претходно изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини со извршни овластувања ќе биде вовед во создавањето на Република Српска на Косово.

Таа рече дека Белград продолжува да ја следи политиката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, со тоа што станува алатка на Русија за дестабилизација на Приштина и Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот