Вучиќ ги продолжува консултациите за мандатар

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги продолжува консултациите за кандидатот за премиер на Србија со разговори со листите „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“.

Вучиќ за 10 часот закажал разговори со Социјалистичката партија на Србија, односно листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката и со листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ во 12:30 часот.

Вучиќ претходно изјави дека во понеделник ќе разговара со претставниците на Социјалистичката партија на Србија и листата „Србија не смее да запре“ и дека очекува потоа да го известат дека имаат мнозинство и дека ќе можат да ја информираат јавноста кој треба да биде новиот мандатар за состав на влада.

Потпретседателот на Српската напредна партија, Александар Шапиќ, по седницата на Претседателството најави дека во понеделник делегацијата на таа партија ќе оди кај српскиот претседател Александар Вучиќ на консултации за мандатарот и дека таму ќе го информира дека има мнозинство за формирање влада.

„Постои мнозинство за формирање влада и за тоа ќе биде информиран претседателот“, рече Шапиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот