Вучиќ: Србите, Албанците и Македонците ќе можат без пречки да работат во која било од трите земји

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по регионалниот состанок во Тирана, изјави дека единиците за вонредни ситуации на Србија, Албанија и Северна Македонија тесно ќе соработуваат и дека, доколку се случи некоја трагедија – пожар, поплава, земјотрес во една земја – сите расположливи сили од другите земји ќе бидат на располагање на таа држава.

Тој уште најави дека ќе се формира единствен пазар на труд ,така што граѓаните на Србија, Албанија или Северна Македонија можат без пречки да работат во која било од трите земји, што е од големо значење, со оглед дека сите три држави имаат проблем со работната сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот