Вучиќ, по вторпат во 24 часа, ќе се обрати до српската јавност

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

За вечерва во 18 часот, најголемата опозициска групација Сојуз за Србија (ССС) најави протести во центарот на Белград, а една од причините е најавеното воведување полициски час.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе се обрати до јавноста денеска во 15 часот, што е негово второ обраќање во изминатите 24 часа.

По неговото вчерашно обраќање, во кое најави воведување полициски час во Белград во текот на следниот викенд, повеќе од десет илјади луѓе се собраа пред српскиот Парламент, незадоволни од таа одлука.

Демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на Собранието, но полицијата со солзавец ги спречи во тоа тоа. Нешто подоцна, пристигнаа полициските засилувања, па дојде до жесток судир со насобраните луѓе.

За вечерва во 18 часот, најголемата опозициска групација Сојуз за Србија (ССС) најави протести во центарот на Белград, а една од причините е најавеното воведување полициски час.

Во синоќешните судири, повредени се 43 полицајци и 17 демонстранти, пет полициски возила беа запалени, а 23 лица беа уапсени. Улиците се мирни претпладнево, но се видливи траги од конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот