Втора недела од кампањата за претседателските избори

Почнува втората недела од изборната кампања за претседателските избори во која тројцата кандидати за претседателската функција продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии на средби, трибини и митинзи.

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата, Гордана Силјановска Давкова, ќе одржи митинзи во Македонски Брод и во Кичево.

Стево Пендаровски, кандидат од СДСМ и коалицијата, ќе има средби со жители на село Мирковци во општина Чучер Сандево, по што ќе учествува на граѓански трибини во општините Бутел, Шуто Оризари  и во Ѓорче Петров.
Блерим Река,  претседателски кандидат поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, пак, ќе има средба со граѓани во Теарце.

Силјановска Давкова ќе се претстави на централен митинг во Скопје претстојниот викенд на 13 април, а ден потоа, на 14 април, централен митинг ќе има и Пендаровски. Река ќе има завршна конвенција на 18. месецов.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

На терен продолжува и изборната кампања и на кандидатите за градоначалници во Охрид, Ново Село и во Дебар, за кои изборот се одржува заедно со претседателските избори за кои првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот