ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Продолжува периодот на променливо облачно време

Скопје облачно
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, соопштија од УХМР.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, особено пообилни врнежи ќе има од утре кон деновите од викендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот