Вработени во Бирото за метрологија заработија кривични пријави

мвр зграда
Принтскрин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метрологија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево му потврдил статус „државјани на РСМ кои се враќаат од странство“, а која се однесувала за товарно возило кое не гo исполнувало законски предвидениот ЕУРО стандард, по што внел податоци од негов колега, без негово знаење и согласност. М.Т., како раководител во Бирото за метрологија, ја потпишал изготвената потврда, без да се увери дека нема потпис од изготвувачот и дека копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, И.Т., во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот