Вработена на луксузен брод за крстарење покажа во каква минијатурна кабина живее

Кејли / Фото: Принтскрин/ТикТок/kayleigh_georgina

Можеби е најголемиот и најубавиот брод за крстарење во светот, но кога станува збор за кабините на екипажот, тие се сè само не големи, вели Кејли во своето видео што го објави на „ТикТок“.

Таа моментално живее и работи на крузерот „Wonder of the Seas“ на компанијата „Royal Caribbean“. Кејли редовно го документира својот живот на бродот споделува видеа и фотографии на социјалните мрежи. Нејзината работа на бродот е да ги анимира гостите и нивните деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Loyal to Royal (@loyal.to.royal)

Во едно од видеата таа ја покажа собата што ја дели со друг вработен на бродот и таа е навистина минијатурна и клаустрифибична. Имаат кревет на спрат, мала бања, гардеробер кој речиси ништо не собира, прозорци секако, нема – тие се резервирани за гостите кои скапо го плаќаат своето крстарење.

„Бањата е толку мала што во исто време можете да си ги миете забите над мијалникот, да се туширате и да вршите нужда“, се пошегува таа и додаде дека, иако живеат на мал простор, таа и нејзината колешка добро се снаоѓаат и се задоволни.

Кејли / Фото: Принтскрин/ТикТок

Во еден дел од кабината се наоѓаат елеците за спасување на кои ги ставаат своите чанти, а под телевизорот има мал простор каде чуваат вотка и грицки. Кејли спие на долниот кревет, а нејзината цимерка Пем на горниот кревет. Имаат и мал фрижидер.

Кејли / Фото: Принтскрин/ТикТок

Кејли, вели дека сè уште е во шок што успеала да ја смести целата нејзина облека и други најосновни работи во многу мал плакар. Работењето на брод, како што вели, има многу убави страни. Покрај тоа што заработува пари и запознава многу нови луѓе, таа успева и да истражува прекрасни места каде што се закотвува. На бродот, таа има пристап и до теретана за екипажот, каде што редовно вежба.

„Можеме да ја користиме и теретаната за гости, но понекогаш теретаната на екипажот е потивка“, пренесува „The Sun“ каде можете да го погледнете и видеото на Кејли.

Погледнете како изгледа брод за крстарење:

Крузерот „Wonder of the Seas“ моментално е најголемиот во светот и ги носи своите патници низ Карибите и Медитерано. Бродот е долг 362,04 метри, може да прими речиси 7.000 патници. На бродот за крстарење фиксно живеат 2300 членови на екипажот. „Wonde of the Seas“ има 20 ресторани, 4 базени, 2867 кабини, сала со 1400 седишта, воден парк за деца, детско игралиште, лизгалиште, симулатор за сурфање, кошаркарско игралиште со целосна големина, две вештачки карпи за качување и слично. На браодот има повеќе од 10.000 вистински растенија, кои редовно се наводнуваат и се средуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот