Вработен на железничката во Сиднеј земал слободен ден бидејќи бил болен, сега го обвинуваат за големиот застој

Воз во Сиднеј, Австралија / Фото EPA-EFE/FLAVIO BRANCALEONE

Вработен кој земал слободен ден бидејќи бил болен е обвинет за доцнење на повеќе железнички линии во Сиднеј, што предизвика хаос во јавниот транспорт во четвртокот.

Возовите на западната линија Т1 меѓу Парамата и Сент Мерис, заедно со линијата Т5 Камберленд од Блектаун до Ричмонд, првично беа прекинати помеѓу 14:24 и 15:37 часот по локално време, што на крајот предизвика големи прекини низ поголемиот дел од мрежата, пишува „Гардијан“.

Застојот брзо се проширил низ градот, при што персоналот на некои станици морал да управува со преполните платформи. Голем број патници биле принудени да чекаат и до еден час во возовите кои биле на половина пат од нивната последна дестинација.

Клучниот член на персоналот кој се пријавил дека е болен бил сигнализирач, што е важна улога што вклучува кажување на машиновозачите кога патеката е чиста, слично на контролорот на летање.

„Гардијан“ објави дека вработениот во последен момент им соопштил на колегите дека е болен.

„Сиденј Трејнс доцна доби известување за проблеми со ресурсите во Железничкиот оперативен центар и типичните резервни ресурси што ќе бидат распоредени во ова сценарио не беа достапни“, се вели во извештајот.

Се вели дека членот на персоналот бил сменет „непосредно пред 16 часот“, но не се осврна на тоа како може да дојде до вакво широко распространето нарушување поради тоа што еден вработен е болен.

„Прашањето со персоналот беше поправено непосредно пред 16 часот кога тимот за управување со работната сила мобилизираше замена за да ја изврши оваа оперативно критична улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот