Вработен на „Твитер“ го праша Маск дали е уште дел од компанијата

Илон Маск Твитер/ Фото: Peter Kov / Alamy / Alamy / Profimedia

Вработен во „Твитер“ стана хит на социјалната мрежа откако го праша неговиот шеф Илон Маск дали е отпуштен од работа. Во твит до главниот извршен директор на фирмата, Хали Торлеифсон праша: „Шефот на човечки ресурси не може да ми потврди, вработен сум или не?“.

Маск одговори со прашањето: „Која работа ја извршувавте?“

Торлеифсон изјави за „Би-Би-Си“ дека девет дена откако му биле замрзнати профилите на Твитер, не знаел дали бил отпуштен или не.

По серија твитови со Маск, кои личеа на интервју за вработување, Торлеифсон напиша дека добил мејл во кој се потврдува дека бил отпуштен. Торлеифсон (45) бил висок директор за дизајн на производи за Твитер. Тој изјави за „Би-Би-Си“ дека нејаснотијата околу неговата работа е „чудна“ и „екстремно стресна“.

„Го отворив компјутерот и видов дека екранот е сив и заклучен, што покажува дека сум бил заклучен од моите профили на Твитер“, рече тој.

„Откако поминаа неколку дена, исконтактирав неколку луѓе, вклучувајќи го и Илон и шефот на човечки ресурси за да прашам за мојата ситуација. Шефот на човечки ресурси оттогаш двапати ми испрати мејл и не можеше да одговори дали сум или не сум вработен во Твитер

Исфрустриран, тој на „Твитер“ побара одговор од шефот на компанијата, Илон Маск.

Претприемачот со седиште во Исланд ја продал својата компанија „Уено“, агенција за креативен дизајн, на „Твитер“ на почетокот на 2021 година – откако ја основал фирмата во Рејкјавик во 2014 година.

Како дел од аквизицијата, тој се вработил со полно работно време во „Твитер“.

„Одлучив да ја продадам фирмата поради неколку причини, но една од нив е дека имам мускулна дистрофија и моето тело полека но сигурно ме измачува. Имам уште неколку добри работни години во мене, така што ова беше начин да ја завршам мојата компанија и да се поставам себеси и моето семејство со години кога нема да можам да работам толку многу“, изјави тој за Би-Би-Си.

Торлеифсон е загрижен дека Маск нема да го испочитува договорот што го потпишал со „Твитер“ кога им ја продал својата компанија.

„Ова е екстремно стресно. Ова е мојот пензиски фонд, начин да се грижам за себе и за моето семејство додека мојата болест напредува. Да се ​​има најбогатиот човек во светот на другата страна од ова, потенцијално одбивајќи да се залага за договорите што ги потпишавме не е лесно за прифаќање“, рече тој.

„Твитер“ минатиот месец отпуштил уште 200 вработени од компанијата. Тоа значи дека социјалната мрежа сега има нешто повеќе од 2.000 работници – помалку од приближно 7.500 во октомври.

„Компаниите ги пуштаат луѓето да си одат, тоа е во рамките на нивните права“, рече Торлеифсон. „Тие обично им кажуваат на луѓето за тоа, но тоа е навидум изборниот дел на Твитер сега“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот