ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – Жена во Индија застрелана во лице бидејќи престанала да игра на свадба

принтскрин

Индијската танчерка завршила во болница бидејќи гостин на свадбата ја застрелал во лице затоа што во еден момент таа престанала да танцува.

Инцидентот се случил на 1 декември во Утар Прадаеш, сојузна држава во Северна Индија. Би-Би-Си открива дека разговарале со полицијата која им пренела дека го пронашле идентитетот на човекот кој пукаше во танчерката. Лицето засега е во бегство.

Застреланата танчерка се здоби со тешка телесна повреда / Принтскрин Фото: Би-Би-Си

На снимката од инцидентот која е споделена на социјалните мрежи, се гледа како две жени играат на подиумот. Во еден момент, наводно поради проблеми со звучниците, престанале да танцуваат. Тогаш еден налутен гостин бил незадоволен поради запрениот танц, па ја застрелал едната жена во лицето.

Ве предупредуваме дека видеото содржи вознемирувачка содржина…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот