ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Француската полиција уби маж на Корзика, се заканувал со нож на минувачи и на полицаец
Француската полиција денеска уби маж на Корзика кој се заканувал со нож на полицаец, објави „Газет Франс“.
Препорачано
Маж вооружен со нож, кој им се заканувал на минувачи во срцето на Ајачо во саботата околу пладне, бил застрелан и убиен од полицијата, при што јавниот обвинител во оваа фаза исклучи можност за терористички акт.
Според обвинителот Никола Септ, отворена е истрага за „тешко убиство“ против полицаецот кој пукал, како и за „обид за тешко убиство“ против напаѓачот.
Станува збор за 26-годишен маж со сенегалско државјанство, кој бил смртно погоден од еден или повеќе истрели испукани од припадници на националната полиција во центарот на Ајачо, потврди обвинителството.
Полицијата првин употребила електрошок-пиштол (тејзер), но без успех. Потоа, еден од полицајците испукал повеќе куршуми кон мажот, кој подоцна починал. Генералниот инспекторат на националната полиција засега не ја презел истрагата, но, како што соопшти обвинителот, тој е „во фаза на набљудување“.
На вознемирувачки видеа, што кружат на социјалните мрежи, може да се види како мажот бргу се движи по Курс Наполеон, додека полицајци го држат на нишан. Се слуша полицаец како вика: „Тејзер, тејзер!“
„Во оваа фаза можам да исклучам терористички напад, бидејќи во ниеден момент лицето не упатило такви закани,“ изјави обвинителот Септ пред медиумите на местото на настанот.
In Corsica, the usual suspect with a knife is shot down by French police. pic.twitter.com/0VYdn4wwvP
— RadioGenoa (@RadioGenoa) December 20, 2025
Напаѓачот веќе претходно имал проблеми во бар
Според обвинителството, мажот, кој имал студентска виза, „се движел со тротинет, тргнувајќи од обиколницата, а потоа се упатил кон Курс Наполеон“. Претходно имал „прв судир во еден бар“, при што можно е еден човек да бил повреден, по што бил избркан од локалот „додека покажувал нож“.
По втора расправија во друг бар на истата улица, полицијата интервенирала. Во соопштението на обвинителството се наведува дека мажот „одбивал да ги почитува наредбите и кон полицајците го фрлил својот тротинет, без да ги погоди“.
Франција: Поранешната девојка на терористот Салах Абдеслам подготвувала терористички напад
Полицијата потоа се обидела да го совлада со „еден или два удари со тејзер“, но без резултат. Мажот потоа „замавнал со нож кон еден од полицајците, директно заканувајќи му се“.
„Еден од полицајците, гледајќи дека неговиот колега е загрозен, ја употребил службената пушка, со што го неутрализирал напаѓачот,“ соопшти обвинителството.
Ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали напаѓачот бил под дејство на дрога, алкохол или на друга супстанца.
Во јануари 2025 година, истиот маж веќе бил инволвиран во случај на закани во департманот Сена-Сен-Дени. При тогашната интервенција, тој, исто така, носел нож и пружал отпор при апсењето, а лекарот наложил итна хоспитализација поради неговата состојба.
„Го крена ножот над мојата глава“
„Седев на тераса со мој вработен. Видов човек со нож како го крева над мојата глава. Успеав малку да го оттурнам, а потоа друг човек го удри со столица, тој падна наземи и тогаш беше застрелан,“ изјави сопственикот на слаткарница на Курс Наполеон, Антони Безар.
На Курс Наполеон, кој беше преполн со луѓе овој викенд пред Божиќ, многумина ги поздравиле полицајците со аплауз.
Градоначалникот на Ајачо, Стефан Сбраџа, изјави дека мажот доаѓал од населбата Сент-Луси, каде што неодамна биле одржани средби со граѓаните за проблемите со луѓе кои се ризични поради менталноТО здравје.
Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, на платформата „Икс“ порача дека е воспоставена „максимална будност“ и им наредил на префектите и полициските директори да ги засилат патролите.
„Благодарност до полицајците од Ајачо – нивната брза реакција ја запре заканата,“ напиша тој.
Полицаец избоден со нож во Сплит, приведен 18-годишник со психички проблеми


