Возачот бил здрав, а автобусот исправен пред да се преврти кај Ласкарци

Првата тура на автобусот на “Дурмо турс” од Гостивар кон Скопје беше во 7 часот. Прв го возеше Маноил, а околу 9 тргнавме кон Гостивар. Втората тура беше во 11 часот. Тогаш таа тура на автобусот ја возеше Џемаил. На враќање кон Гостивар автобусот јас го возев, изјави сведокот Филип Наумовски, вработен како возач во “Дурмо турс”.

– Кога Маноил ја возеше турата од Гостивар кон Скопје не ни се пожали дека нешто не му е добро или дека возилото има дефект. Во 16.15 часот тргнавме кон Гостивар. Автобусот цел ден возеше со една тахографска лента. Меѓу нас возачите беше оставено како ќе се договориме за турите и за работните обврски. Тахографските ленти како отчет никој не ни ги бараше на работа. Знаевме сами дека не смееме да возиме сите со една тахографска лента. Никогаш сопственикот на фирмата ниту Ремзи Мифтари ни ги има побарано тие ленти. Тоа лично никој не ни го кажал дека е незаконски – изјави сведокот Наумовски.

Сведокот потврди дека возилото неколку години користело манипулатор на тахографот.

– Јас во автобусот бев до Ѓорче Петров каде се симнав и се качив во вториот автобуд на “Дурмо турс” кој патуваше кон Гостивар. Кога дознавме за несреќата стигнавме за брзо време таму. Го видов Маноил и го прашав што се случило, на што тој ми одговори декз не знае – рече Наумовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс”, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот