Возач со автомобил удри млада жена во Тетово, тешко е повредена

Попладнето се случила тешка сообраќајна несреќа во Тетово, кога возач со автомобил удрил и тешко повредил 32-годишна жена, која е пренесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на повредите.

Несреќата се случила околу 17 часот и 15 минути на булеварот „Маршал Тито“.

– Во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, автомобил „Пежо 607“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот А. Р. од гостиварско Беловиште, удрил во 32-годишната К. Ѓ. (пешак) од тетовско Подбреѓе. Во несреќата, жената е тешко повредена – информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот