Волстрит журнал: Хрватска со туристичката сезона стана случај кој опоменува

epa08518599 Foreign tourists enjoy the seaside in the town of Opatija, Croatia, 30 June 2020. Croatia has reopened its borders to visitors from abroad following months of closure due to the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. According to the country's tourism minister, Gari Cappelli, Croatia has so far welcomed 350,000 foreign tourists traveling from within the European Union. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска стана предупредувачки случај за тоа како меѓународните патувања можат да ја забрзаат пандемијата на Ковид-19, пишува американскиот „Волстрит журнал” во написот посветен на отворањето на Хрватска за странските туристи ова лето, што доведе до зголемување на бројот на нови случаи.

Весникот оценува дека Хрватска се претвори од добар пример во борбата против вирусот во жариште откако Владата, поттикната од загриженоста за економијата, реши да ја спаси туристичката сезона со олеснување на епидемиолошките мерки.

„Волстрит журнал” додава дека ситуацијата летово во Хрватска може да се спореди со таа зимоска во Ишгл, австриското скијачко одморалиште, каде што, не знаејќи, се заразија илјадници луѓе од цела Европа. Како и во Ишгл, инфекцијата се ширеше меѓу туристите претежно во клубови, кафулиња и на ноќни забави, пишува весникот, цитирајќи изјава на директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Чапак.

Се појавија докази: Ишгл стана жариште на коронавирусот поради доцната реакција на властите?

– Имавме некои туристи кои пристигнаа веќе заразени, но голем број се заразија додека престојуваа тука, рече Чапак.

Текстот исто така го опишува искуството на неколку странци кои летово престојувале во Хрватска и кои опишуваат дека сè било како пред пандемијата.

– Опуштеноста во текот на летото беше во спротивност со ситуацијата во текот на зимата и пролетта, кога Хрватска успеа да го одржи коронавирусот под контрола благодарение на добро подготвениот здравствен систем, одлучувачката епидемиолошка реакција и дисциплинираната јавна претпазливост, рече Иван Џикиќ, истакнат хрватски научник кој работи во Германија.

Ново жариште во Германија, матуранти го донесоа вирусот од одморот во Хрватска

Тој посочува дека претпазливоста се намалила по првичниот успех затоа што луѓето биле желни да излезат, да патуваат и да уживаат во летото по строгиот карантин.

Една Германка која живее во Франција и редовно го минува одморот на Јадранско Море за весникот изјави дека искуството за одморот во Хрватска овој август е како повторно откривање на слободата по строгите затворски мерки што ги доживеала во Стразбур, каде што живее.

Според германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох”, во периодот помеѓу 10 август и 6 септември, туристите кои се вратиле од Хрватска учествувале со 12 отсто во сите нови случаи на зараза со коронавирус во Германија.

Порака пред влез во ресторан за туристи од Хрватска доведе до меѓудржавен спор: Реагираше и амбасадорот во Австрија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот