Порака пред влез во ресторан за туристи од Хрватска доведе до меѓудржавен спор: Реагираше и амбасадорот во Австрија

На влез во ресторан во Австрија, Грац била истакната забрана за влез за туристи кои доаѓаат од Хрватска на одмор, а токму тој потег го принуди да реагира и Даниел Глунчиќ, хрватскиот амбасадор во оваа земја.

Во понеделникот, соптсвеникот на ресторан Франц Ерарт, реагирајќи на постојано растечкиот број на новозаразени луѓе кои се вратиле од одмор од Хрватска во Австрија, поставил известување пред влезот на ресторанот кој гласел „Нема влез за оние кои се вратиле од Хрватска“, а за ваквиот потег пишувал австирскиот портал oe24.at.

– Тоа го направив поради грижата за постојаните гости“, рекол Ерарт, додавајќи дека нема ништо против оние кои биле на одмор во Хрватска, но дека сака да го заштити здравјето на своите гости. Ја поддржувам владата, а владата рече дека вирусот се внесува со автомобили од Хрватска во Австрија. Никој од моите гости не сака да се зарази – објасни тој за австрискиот портал.

Овој потег доведе до меѓудржавен спор.

Амбасадорот на Хрватска истакна дека во ова кризно време треба да се биде солидарен, а не да се шири страв и некој да се навредува. Глончиќ испратил писмо и до уреништвото на австирскиот портал, во кое напишал:

Почитувани уредници,

По многуте реакции по повод вашата објава на четивото со наслов „Erster Wirt greift durch: Nicht für Kroatien-Rückkehrer“ (17 август 2020), сакам да Ве информирам дека со пораката на угостителот со натписот „Не за гости кои се вратиле од Хрватска“ кој наводно сака да ги заштити своите гости, многу читатели поинаку ја толкуваа неговата желба. Многумина се чувствуваат етикетирани поради враќањето од Хрватска, дека автоматски се етикетирани со заразата, по што изворот на заразата автоматски се поврзува со Хрвтатска (како на друго место да е невозможно човек не може да се зарази). Некои се чувстуваат како цел на напад, други ова го перцепираат и за расизам.

Треба само да се присетиме за ситуацијата во Тирол, кога, без обзир на многуте случаи на зараза кои произлегоа од тоа подрачје, сепак се сочуствуваше со населението кое го чекаше крајот на карантинот, а меѓу кое и многу наши хрватски државјнани. Коронаврусот влијае на целиот свет и се појавува во бранови, и тоа во различни подрачја и различни земји.

Поради тоа, во вакви кризни времиња, би требало да покажеме солидарност, а не да создаваме атмосфера на страв и дополнително патење. Разбирливо е дека Хрвтатска од моментот на предупредувањата за патувањата беше позастапена во медумите. Исто така разбирливо е што медиумското известување кај некои предизвика поголем страв од зараза со коронавирусот. Меѓутоа, мерките по кои посегнал угостителот, се крајно загрижувачки, а уште позагрижувачки би било доколку се оправдани од австриската Влада.

Ваквото однесување никако не може да штити од зараза. Напротив, спротивното: Ова дополнително ги погодува оние кои се веќе погодени од ситуацијата, а тоа во прв ред се Австријците, но и сите други туристи кои го поминаа одморот во Хрвтаска, а кои меѓудругото, од понеделникот веќе не ни можа да влезат во земјата без тест.

Ви се заблагодаруваме што известивте за овој случај, така ни помогнавте да обрнеме внимание на целиов проблем“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот