Воени аташеа од 14 држави во посета на Штип

Штип / Фото: МИА

Воени аташеа од 14 држави денеска беа во посета на Штип, а имаа и средба со градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Во текот на средбата биле презентирани можностите за развој и инвестиции во општината.

– Имав чест како градоначалник лично да го презентирам нашиот град, со што располага Штип и да им пренесеме на нашите партнери во НАТО дека треба да продолжат да инвестираат, да продолжат да градат структури, кои ја даваат безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на тој начин да привлечеме и инвестиции, што ќе го развие нашиот град, вели Николов.

Според Николов, воените аташеа биле воодушени од градот, но и од гостопримливоста на жителите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот