ГАЛЕРИЈА: Воена парада во Русија по повод Денот на победата, мали прослави и во окупираните делови на Украина

руски војници воена парада москва
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин го повтори своето обвинување дека Западот не му оставил друг избор освен да ја нападне Украина во говорот одржан за време на парадата на Денот на победата на Русија, годишна комеморација од победата врз нацистичка Германија на крајот од Втората светска војна.

воена парада москва русија 2022
Владимир Путин на Воената парада во Москва / EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / KREMLIN POOL / SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Си-Ен-Ен истакнува дека говорот даде малку детали за тоа како Русија планира да продолжи во Украина, со оглед неколкудневните шпекулации дека Путин ќе го искористи настанот за да објави големо соопштение.

Путин одржа говор на воената парада: „Не сакаа да не слушаат“

Аналитичарите од сферата на одбрана оценуваат дека се одржала своевидна „придушена” парада, во која илјадници војници се собраа пред Кремљ на Црвениот плоштад, а очекуваниот воздушен дел од годишниот настан беше откажан поради временските услови, според официјален Кремљ.

воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Путин ги повтори своите причини за инвазијата на Украина, велејќи дека интервенцијата е неопходна бидејќи Западот создава „закани до нашите граници” и „се подготвува за инвазија на нашата земја”. Тој, исто така, тврди дека Западот не сака да ги слушне руските предлози за дијалог.

Исто така, се одржаа и скромни прослави во окупираните делови на Украина. Имаше мали проруски прослави во деловите на Украина окупирани од Русија, вклучувајќи го и Херсон, според руските државни медиуми.

воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

На проруски профили на социјалните мрежи циркулираа видеа снимени во јужниот украински регион Херсон, на кои се гледаат мали групи луѓе кои веат црвени знамиња и носат цвеќиња додека го одбележуваат Денот на победата на Русија. Украинските активисти во Херсон тврдат дека Русија донела луѓе од Крим за да го зголеми бројот на присутни. Според украинските власти, во југоисточниот град Мариупол, цвеќе било положено на споменикот кој неодамна беше обновен од страна на сепаратистите поддржани од Русија.

воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV
T-72B3M москва русија воена парада
T-72B3M на Воената парада во Москва, Русија / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV
воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV
воена парада москва русија 2022
Владимир Путин на Воената парада во Москва / EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / KREMLIN POOL / SPUTNIK MANDATORY CREDIT
воена парада москва русија 2022
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу на Воената парада во Москва, 9 мај 2022 година / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
2S19 Msta воена парада москва русија 2022
2S19 Msta на Воената парада во Москва, Русија / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот