Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Спасовски повтори дека Владата морала да ја донесе најтешката одлука за вонредна состојба и тоа е првпат од самостојноста на земјава и, како што рече, е апсолутно голема одговорност.

Како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот, премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин-вин на ТВ Телма, соопшти и дека Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани и додаде дека ќе се испитуваат информациите за изнајмување на куќи во неколку скопски населби како и на договорите за издавање.

Истакна автошколите да не вршат ниту обуки, ниту полагање, а супермаркетите и аптеките да имаат редарска служба што ќе дозволува влез на луѓе во објектот, два метри да има раздалеченост на луѓето што ќе бидат внатре.

Спасовски повтори дека Владата морала да ја донесе најтешката одлука за вонредна состојба и тоа е првпат од самостојноста на земјава и, како што рече, е апсолутно голема одговорност.

– Навистина треба да се однесуваме на висина на одговорноста. Мораме да покажеме со конкретни чекори на дело. Сите институции функционираат како што треба со меѓусебна комуникација. Тоа беше и пред и сега по прогласувањето на вонредната состојба. Треба да се покаже единство, висок степен на одговорност, рече премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот