ВО ЖИВО: Хаос пред Собранието на Србија, граѓаните се судрија со полицијата

Според белградски медиуми кон толпата се упатиле и студенти од домовите во главниот град на Србија.

Протестот пред Собранието на Србија против новите најавени мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус излезе од контрола вечерва по 22 часот, јавија локалните медиуми.

Демонстранти ја пробија заштитната ограда пред Собранието, запалија факели, и се судирија со полицијата во обидот да влезат повторно во Парламентот.

Протестот почна по 20 часот, откако беше блокиран за сообраќај просторот пред Парламентот. Демонстрантите извикуваат „Вучиќ крадец”, „Оставки”.

Според белградски медиуми кон толпата се упатиле и студенти од домовите во главниот град на Србија.

Белграѓани излегоа на протест и влегоа во Собранието, не сакаат полициски час (ВИДЕО)

Палма: Обидот за влез во српското Собрание е терористички чин

И Во Нови Сад протест поради најавените мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот