Палма: Обидот за влез во српското Собрание е терористички чин

Претседателот на Обединета Србија, Драган Марковиќ Палма вечерва го осуди насилството пред српскиот Парламент и обидот за влез во Парламентот го нарече терористички чин.

– На изборите на 21 јуни, граѓаните одлучија кој треба да влезе во Собранието. Ова насилство пред Собранието го организираа неуспешни политичари, кои не се во состојба да постигнат никаков резултат на изборите, па затоа се обидуваат да дојдат на власт со насилство, рече Марковиќ.

Тој оцени дека настаните пред Парламентот се „терористички чин” и оти лидерите на таквиот „терористички чин” мора веднаш да бидат уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот