Во земјите од поранешна Југославија помалку починати од коронавирус наспроти земјите од богатиот Запад (ВИДЕО)

Хрватски „РТЛ“, анализира дека земјите од поранешна Југославија многу поуспешно се справиле со корона вирусот од земјите во Европа.

Истражувањето на телевизијата покажува дека бројот на заразени и починати е значително помал во оние држави кои биле источно од „Железната завеса“, отколку на богатиот Запад.

    • Словенија бележи 43 починати на еден милион, Македонија 35, Србија и БиХ 20, Хрватска 16, Црна Гора и Косово 11. Заедничкиот југословенски просек е 22 починати на еден милион. Кога ќе се земе просекот на 12 земји на Европската унија се доаѓа до бројката на 258 починати. Но затоа просекот на тестирање во државите на поранешна Југославија е 10.467, додека на Западот во Унијата двојно повеќе, се тестирале 23.701 на еден милион жители“ се вели во истражувањето.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот